Купувачите ќе мора да учествуваат во лотарија за да можат да купат едно од само 100-те шишиња Yamazaki Single Malt виски. Замислете какво течно злато ќе добиете со купување на едно шише од Јапонското виски на Suntory.

Ова 55-годишно виски созревало во Мизунара дабови буриња и буриња од Американски бел даб, со што бурињата периодично се префрлале на постудени места за да се забави процесот на созревање, давајќи му на вискито по нијансиран карактер. За вкусот на ова виски се вели дека е сладок и дрвенест, со зрела, овошна арома и продолжен вкус. Едно шише од ова течно злато чини 27.550 американски долари.

Yamazaki Single Malt