Незнам дали ќе се сложите со изборот, но од 117 милиони езера на планетата Земја направивме мал избор на неколкуте најзачудувачки, прекрасни и инспиративни езера.

Кратерско Езеро, Орегон САД

Најдлабокото езеро во Америка е исто така едно од најнеобичните. Познато по чистата и сина вода, езерото исполнува длабока калдера која се формирала пред околу 7000 години по пад на вулкан на планината Мазама. Ова езеро нема реки кои што се влеваат и излеваат од него. Оваа цела област нуди многу рекреативни активности во текот на целата година, вклучувајќи пешачење, велосипедизам, риболов, скијање и друго.

 

Мртво Море, Јордан

Најсолената точка на Земјата, која во последно време се повлекува со голема брзина е место кое треба навистина да се посети пред да го снема. Лежи на Јорданската Раседна Долина а главна притока е реката Јордан. Поради големата концентрација на сол, пливањето е заменето со лебдење. Соленоста исто така создала и сурова средина во која растителниот и животинскиот свет неможат да опстојат.

езера

Езерото Комо, Италија

Со своите убавини, вили и романтични шеталишта, ова гламурозно италијанско место продолжува да ги заведува големите sвезди. Езерото е интересно поради обликот кој го има (како буквата Y).

Езерото Вакатипу, Нов Зеланд

Квинстаун, е адреналинска престолнина на светот и родното место на банџи скокањето. Со должина од 80 километри ова е најдолгото езеро во Нов Зеланд кое е опкружено со планини и е популарно меѓу авантуристите.

Езерото Пикола, Индија

Во 1899 година писателот Рајдар Киплинг напишал „If the Venetian owned the Pichola, he might say with justice, see it and die.” Лесно е да се разбере што зборува писателот кога ќе се погледне ова мирно место за бегство. Многумина не сфаќаат дека езерото е всушност вештачко, прво изградено во 1362 година, наменето за полесен транспорт на житото низ градот. За вистинско бегство може да го посетите и лебдечкиот хотел Taj Lake Palace, каде може да стигнете само со чамец.

Бајкалско Езеро, Русија

Значајна вода во Сибир кој има многу рекорди. Не само што е најстарото езеро во светот, туку е и најдлабоко. Содржи 20% од свежата вода во светот. Поради изолацијата и отсуството на минерали, Бајкал е исто така едно од најчистите езера во светот. Во текот на летото, поради водата од сибирските планини на некои места можете да видите дури и 130 метри под површината водата. Додека во зима, кога езерото ќе замрзне, во мразот може да се формираат пукнатини и меури од метан создавајќи илузија дека шетате на воздух.

езера

Плитвички Езера, Хрватска

Дрвените патеки ви овозможуваат да ги истражите 16-те водопади што каскадно се влеваат во смарагдни езера и базени во најстариот национален парк во Хрватска. Околната шума е исто така дел од светското наследство на УНЕСКО и прави еднакво живописна слика. Се до 1958 година, единствен приод до езерата бил преку гората, што се смета за причина за слабата посетеност на овие езера.

езера

Езеротот Блед, Словенија

Кобалтно-сино езеро кое е доста спокојно и мирно како огледало, со централен остров како од бајка и готска црква изградена во 1400-тите години. Прошетка низ шумските патеки во Националниот парк Триглав и посетите на Клисурата Винтгар – дом на највисокиот водопад на Словенија.

езера

Езерото Инле, Мјанмар

Мјанмар е полн откритија. Но не помалку битно е Инле езерото. Куќи изградени над водата се преплетуваат со вековните камени пагоди и манастири. Иако езерото не е големо, содржи голем број ендемични видови меѓу кои дваесет видови полжави и девет видови риби кои ги има само тука и никаде на друго место.

езера

Смарагдно Езеро, Канада

Најголемо езеро во Националниот парк Јохо, е и едно од најголемите атракции, која нуди кајакарење, пешачење, скијање… Лесно е да се стигне со возило, иако се наоѓа во затскриено подрачје. Езерото е замрзнато од ноември до јуни а е неверојатно во јули кога снегот се топи во него од околните планини.

езера