Goodreads официјално ги објави победниците за 2019 година. Осма година по ред, читателите гласаа за најдобрите книги, при што годинашната анкета кулминираше со вкупно 4,6 милиони гласови.
1. Најдобра фикција: Завети (The Testaments)-Маргарет Атвуд: Продолжение на книгата Приказна за слугинката. Временски романот е поставен 15 години по настаните во Приказна за слугинката и е раскажан од тетка Лидија, лик од претходниот роман.
2. Најдобра мистерија и трилер: Немата пациентка (The Silent Patient)- Алекс Мајклидис: Алисија Беренсон има навидум совршен живот. Таа е позната сликарка мажена за популарен и баран моден фотограф, живее во луксузна куѓа во една од најелитните населби во Лондон. Една вечер, нејзиниот сопруг Габриел се враќа дома доцна од фотосесија, и Алисија му пука петпати во лице, а потоа никогаш повеќе не прозборува.
3. Најдобра историска фикција: Daisy Jones & The Six– Тејлор Џенкинс Рејд: приказна која го следи познатиот рок бенд од 70-тите, од нивното возвишување на музичката сцена во Лос Анџелес до причината за нивното разделување во екот на нивниот успех.
4. Најдобра фантазија: Деветта куќа- Ли Бардуго: Романот го следи животот на проблематичната Галакси „Алекс“ Стерн единственото преживеано лице во убиство, на која и е зададена задача да ги следи активностите на универзитетските тајни друштва.
5. Најдобра романса: Red, White & Royal Blue-Кејси МекКистон: Пријатна комбинација на британските кралски политики и умерениот скандал. Двајцата херои се принудени да ја контролираат штетата од скандалот кој го предизвикуваат, при што се развива романтика, што го наведува Алекс да размисли двапати за својата сексуалност.
6. Најдобра научна фантастика: Рекурзија- Блејк Крауч: Тоа е она што полицаецот од Њујорк, Бери Сатон го учи, додека го истражува катастрофалниот феномен што медиумите го нарекоа Синдром на лажна меморија- мистериозна болест што ги наведува своите жртви на луди сеќавања за животот во кој никогаш не живееле.
7. Најдобар хорор: Институт- Стивен Кинг: Среде ноќ, во куќа на тивка улица во приградска населба во Минеаполис, натрапници тивко ги убиваат родителите на Лук Елис и го товарат во црн теренец. Операцијата трае помалку од две минути. Лука се буди во Институтот, во просторија што личи на неговата соба.
8. Најдобра хумористична книга: Драги девојки- Али Вонг: Смешен и неверојатно искрен мемоар, составен од низа писма од Вонг упатени до нејзините ќерки, отворајќи ја својата душа пишува за подемите и падовите во нејзиниот живот.
9. Најдобра публикација: Девојко, престани да се извинуваш- Рејчел Холис: Oфицијален водич за жените да започнат да се ставаат на прво место, поставувајќи се на патот кон доверба и раст без вина.
10. Најдобра автобиографија: Over the Top-Џонатан Ван Нес: Миленикот се отвора во врска со неговите претходни животни борби и не води низ патот преку кој станува инспиративна фигура каква што тој денес е.