Голферки, тенисерки, атлетичарки, сурферки… На овие спортистки заедничко им е што имаат милиони следбеници на социјалните мрежи и изгледаат навистина спектакуларно. Можеби и не се сите познати по своите спортски успеси, но по нивните жешки фотографии кои ги споделуваат на социјалните мрежи веројатно ќе ги запаметите добро и ќе ги заследите.

Во прилог ви ги носиме 10-те најсексипилни спортистки на светот, кои се глобално познати. Некои од нив се големи шампионки, некои се повеќе познати по изгледот отколку по успесите на спортското поле, но заедничко им е што се мошне популарни и се неверојатно атрактивни.

1. Пејџ Спиранац, голф

спортистки

Не следите голф? Па, сега веројатно ќе почнете да се интересирате за овој спорт. Пејџ е американска голферка која има хрватско потекло, а со своето деколте често привлекува големо внимание. На еден од турнирите на кои има настапено, организаторите дури и забранија да се облекува провокативно, но Пејџ продолжи да привлекува внимание со својот изглед.

2. Алана Бланшар, сурфање

Наградата за најдобра позадина во женскиот спорт веројатно би заминала во рацете на оваа прекрасна дама. Нејзините фотографии на социјалните мрежи се неверојатно популарни, а интересно е дека оваа спортистка е најдобра пријателка со славната сурферка Бетани Хамилтон и дека била со неа во моментот кога во 2003 година ја нападна ајкула на Хаваи. За тоа е снимен и филм Soul Surfer. Алана покрај сурфањето, се занимава и со моделинг во што, судејќи по фотографиите, исто така е успешна.

3. Робин Бон, атлетика

Младата Канаѓанка се занимава со атлетика, а кога ќе се соблече во костим за капење голем број девојки и завидуваат на извајаното тело. Нејзини дисциплини се 100 метри со пречки и скок со стап. Таа е згодна, успешна и има насмевка од милион долари. Атлетиката можеби ја доживува својата најголема популарност за време на Олимписките игри, но сигурно е дека Бон привлекува внимание и на останатите натпреварувања во меѓуолимпискиот циклус.

4. Слоун Стивенс, тенис

спортистки

Американката која во моментов го зазема 63-тото место на ВТА ранг листата во моментов можеби малку е „смирена“ со атрактивните фотографии, но ако истражите подлабоко на нејзините профили на социјалните мрежи ќе видите дека претходно уживала во покажувањето на своето атлетско тело. Тенисерката зад себе има шест титули, вклучително и УС Опен во 2017 година, а долго време на фотографирањето гледаше како свое главно хоби. За нечиј вкус можеби и откривала премногу, но тешко дека некој од нејзините следбеници се буни за тоа.

5. Ивона Дадиќ, Атлетика

Седумбојката е една од најуспешните во Австрија во оваа категорија, а нејзините родители се Хрвати по потекло од Босна и Херцеговина. Заносната Ивона зрачи подеднакво и со својата фигура и со својата насмевка, а талентот го докажа и со учеството на Олимписките игри.

6. Виталија Дијанченко, тенис

Тенисерката од Русија одамна важи за една од најубавите и најатрактивните во мастерс серијата. На ВТА листата го зазема дури 136-тото место, но многумина за неа знаат и покрај тенисот. Виталија сака да игра во деколтирана опрема, а делува дека на социјалните мрежи нејзините следбеници ги сакаат најмногу токму тие објави.

7. Муни Хе, Голф

Единствената кинеска спортистка на оваа листа е голема ѕвезда во својот спорт. Уште една млада дама поради која можеби ќе ви го привлече вниманието кон голфот. Една од најталентираните голферки на светот не објавува често секси фотографии, но неретко се наоѓа на листата на најсексипилни спортистки.

8. Анастасија Ешли, сурфање

И таа е доказ колку сурфањето и последователните вежби за тој спорт убаво го обликуваат телото. Убавата спортистка од Австралија за првпат застанала на даска на пет години, а првата голема титула ја освои веќе со 16. Сега ужива и повремено знае да се пофали со својот изглед во костим за капење на социјалните мрежи.

9. Пејџ ван Зант, боречки вештини

Можеби е претпоследна на оваа листа, но според бројот на следбеници заслужува место во врвот. Дури 2,7 милиони корисници на Instagram ја следат Американката која се натпреварува од 2012 година. UFC „фајтерката“ ужива да објавува целосно голи фотографии. Неизбежно е да се заклучи дека е една од најатрактивните спортистки.

10. Алика Шмит, атлетика

спортистки

Оваа спортистка многумина ја сметаат за најсекси на светот, а неодамна беше во фокусот на вниманието кога на повеќе „избори“ беше избрана за најубавата атлетичарка на Олимпијадата во Токио.