Кога станува збор за најексклузивните клубови и нивните приватни членови, има неколку работи кои што може да се набројат дека ги уживаат- bespoke услуга, одлична кујна, еминентна клиентела и исклучителен декор. Но додека некои од членовите го уживаат луксузот и конекцијата со другите членови, некои едноставно ги посетуваат овие клубови за воспоставување на благосостојба и ослободување на креативното „јас“. Па така во светот постојат доста места каде пристап имаат само членови на клубот. Еве листа од 10-те најексклузивни клубови во моментов.

The Core (Њујорк и Милано) Во 2005 година, Jennie and Dangene Enterprise основаа еден од најелитните клубови во Њујорк, каде важи концептот дека секој поединец, член треба да остави депозит од 100.000 американски долари и да предложи друга извонредна личност. Селекцијата на членовите на The Core не се базира врз основа на парите или презимето, туку личности кои се иноватори во одредени 13 индустрии, вклучувајќи архитектура, уметност, финансии, здравство, мода, гостопримство, наука, спорт и технологија. Во објектот на клубот во Њујорк се сместени театар, терпезарија каде се служат јадења, библиотека со збирка класични, модерни и современи дела, и други простории.

The Hurlingham Club (Лондон) Надреална зелена оаза покрај реката Темза во Фулам, која нуди првокласни приватни социјални и спортски активности за своите членови. Тој е еден од најголемите британски клубови кој успева да се држи до традицијата и наследството на земјата, како и да обезбеди модерни удобности за да остане релевантна и за сегашните и за идните генерации. Како и сите други клубови така и овој има строг концепт на селекција и е достапен само за оние што делат слични цели и вредности.

Blacks Club (Лондон) Сместен во објект изграден во 1732 година, овој клуб има интересна цел, а тоа е оставање на своето его зад себе и препуштање на елегантни и искрени дискусии за да го постави светот на вистинскиот пат. Членството тука се движи од 6.400 американски долари годишно за личност или околу 9.000 за пар. Членовите тука најмногу уживаат во à la carte јадења, низа најисклучителни алкохолни пијалоци. Додека ексклузивните гости уживаат во посебни простории.

39 Monte Carlo (Монако) Клуб каде акцент се става на фитнесот, луксузот и убавината. Членовите на овој шик, дискретен, социјален клуб можат да го преобразат својот животен стил со тоа што ќе се одлучат за разни програми, каде може да уживаат и во храна направена според фитнес професионалци и нутриционисти.

Soho House (Европа, Азија, Северна Америка) Основан во 1995 година, првиот клуб со приватно членство бил отворен на London’s Greek Street. Денес со клубови на различни континенти и градови, нуди многу видови членства, адаптирани на побарувачката. Тука идејата е е да се префрли фокусот од богатите во изградба на заедници на членови со креативна душа. А тие членови можат да уживаат во низа подобности како ресторани, бањи и друго.

клубови

KEE Club Shanghai (Кина) Сместен во две камени вили изградени во 1920 година, овој клуб им нуди на своите членови да живеат во исцелувачка и приватна средина и да нурнат во најубавата уметност, храна, вино, музика и дизајн. Меѓу своите членови овој клуб ги вбројува актерката Гвинет Палтроу, музичарите Мик Џегер и Стинг. Тука се служат јадења подготвени од познатиот Бјерн Александар, кој внесува германска храна со јапонска гастрономија. На членовите им е дозволено да организираат деловни ручеци во ресторанот каде има прекрасна градина.

Roppongi Hills Club (Јапонија) Клуб, Roppongi Hills Mori Tower, со катови кои нудат различни активности за своите членови. Сместен на 51-от кат од кулата, се наоѓа ресторан овозможува на членовите да го искусат прекрасниот поглед на градот додека уживаат во јапонската и американската кујна, или едноставно да се релаксираат со шолја кафе. Овој клуб нуди и приватни простории за јадење каде се достапни италијанска, кинеска, француско-европска храна. Оние што се заинтересирани да добијат членство треба да аплицираат со барање кое потоа е предмет на процес на скрининг од страна на Канцеларијата за членство. Иницијалната такса е околу 12.000 американски долари, додека годишната чланарина околу 2.000 американски долари.

The Wing (САД) Еден од клубовите кои е познат по ултра богатиот ентериер, со клубови во Њујорк, Калифорнија, Масачусец и Илиноис. Интересен е податокот дека ова е женски клуб кој бара од своите членови да ја почитуваат светоста на местото, како и своите членови, без оглед на нивната раса, вера, национално потекло, етничка припадност, попреченост, пол, пол идентитет, сексуална ориентација или возраст. Како место со кадифен декор, е домаќин на некои од најголемите дебати за родот, моќта и корпоративниот феминизам.

The Tanglin Club (Сингапур) Овој приватен клуб настанал во 1865 година кога „четириесет добри и вистински луѓе“ одлучиле да формираат приградски социјален клуб за елитните Британци кои живеат на Далечниот Исток. Со 4.000 членови, славата на престижниот клуб ги надмина границите и неговите членови припаѓаат на повеќе од 70 земји. Она што го прави The Tanglin Club совршен избор за престој се неговите 27 луксузни апартмани со модерни удобности. Заедно со мноштво рекреативни активности и спортови како билијард, шах, голф, тенис и сквош. Во објектот стар 156 години се сместени седум ресторани каде што неговите членови можат да се нурнат во извонредните јадења. Дополнително, членовите можат да посетат кој било од над 130 заемни клубови низ целиот свет. Меѓутоа, за да добиете членство во клубот, ќе треба да чекате со години и само постоечки член со најмалку три години членство можат да ве препорачаат. Покрај тоа, ќе треба да платите еднократна влезна такса од 100.000 американски долари и месечно членство од 107 долари.

Australian Club (Австралија) Основан во 1838 година во центарот на Сиднеј, овој клуб нуди прекрасни погледи на Северниот брег заедно со бујното зеленило на Кралската ботаничка градина. Огласен како еден од најпрестижните џентлменски клубови јужно од екваторот, тој се придржува до дрес код за своите членови и гости. Клубот има строга политика без тексас. Со мешавина од традиционални и модерни удобности, во австралискиот клуб се сместени приватен простор за јадење за најмногу 80 луѓе, библиотека, теретана со лични тренери, сопствени спални соби, апартмани и клуб на седмиот кат. Сепак, методот за стекнување членство во овој клуб останува неоткриен.