Есента можеби е годишното време кога навистина почнуваме да се облекуваме, но летото е сезона кога можеме да се смириме, да се препуштиме на топлото време со напуштање на вишокот облека и навистина да се релаксираме. А кога зборуваме за отфрлање на вишокот – со оглед на тоа дека ќе бидеме помалку облечени, секое парче од нашата облека треба дополнително да се земе предвид, особено вашите обувки. Тие не само што го заземјуваат изгледот, туку помагаат да се дефинира истиот.
Имајќи го сето тоа на ум, време е да започнете да размислувате за шопинг на совршениот пар (или три) летни чевли. Времето се загрева. Време е навистина да се опуштиме. Но, лето пристигнува, затоа почнете со чевлите. Поради ова во прилог ви носиме предлог за 10 најдобри обувки за ова лето.
1. Killshot OG Sneaker – NIKE
Само пред неколку години беше речиси невозможно да најдете Nike Killshot 2, ниска патика со „навика“ да се распродава секогаш кога ќе излезе. Сега, можете да ги добиете со помалку мака. И тоа е одлично. Но, не се одлучувајте за продолжението. Одете со верзијата OG, која е малку поспортска и целосно соодветна за летото што следува.
2. Кожна мокасина – FEAR OF GOD
Елегантни, софистицирани, но не премногу сериозни. Овие спортски кожни мокасини се создадени за апсолутен полн погодок ова лето.
3. Original Achilles Leather Sneakers – COMMON PROJECTS
Убавите и врвни патики на Common Projects се официјално модерна икона. И ако сте подготвени за нешто поголем трошок, тие ќе станат додаток вреден за инвестирање во вашето портфолио.
4. Old Skool – VANS
Ако сакате целосно да ја прифатите таа опуштена атмосфера на летното време, одете со пар патики кои станаа синоним за калифорниските сурфери и скејтери од почетокот на времето (или откако Vans првпат почнаа да ги прават).
5. Chuck 70 High-Top – CONVERSE
Едноставно, има нешто посебно во поседувањето на нов пар „старки“.
6. Stan Smith – ADIDAS ORIGINALS
Stan Smith останува победнички избор, особено во оваа нова итерација направена од материјал што е најмалку 50 проценти рециклирана пластика, но се чувствува исто како кожа.
7. Authentic Original 2-Eye Boat Shoes – SPERRY
Бродариците кои го започнаа целиот тренд, сега направени со Ortolit амортизирање и препознатливиот ѓон за подобро триење кои го олеснуваат крстарењето на отворено море.
8. Edge Leather Slip-On – GOOD MAN BRAND
Платното е супер, но луксузната италијанска кожа е токму она што ви е потребно за да ги однесете вашите летни еспадрили на возвишено место без многу напор.
9. Arabia IV Slide Sandal – ARMANDO CABRAL
Осмелете се за луксузниот италијански кожен горен дел и изберете префинети детали за шевовите и текстурирани модели кои им даваат на овие сандали малку нешто дополнително.
10. Arizona Essentials EVA – BIRKENSTOCK
Носете ги по дома, носете ги на плажа. Носете ги и додека сте во вода, бидејќи се водоотпорни. Носете ги бидејќи овие обувки се неверојатно удобни.