Сигурно до сега сте прочитале илјадници статии кои Ви ветувале подобар секс во 5 чекори. Но, да бидеме реални, ништо не може да ви ги појасни работите подобро од разговор со вашата партнерка. Сепак, доколку сакате да го скокнете моментот „не толку пријатен разговор“ и едноставно да се покажете во најдобро можно светло, тогаш наместо да читате клише совети и статии кој велат „направи вака или направи така“, посветете малку повеќе време и внимание на истражувањето и прочитајте некоја книга. И тоа не било каква, туку напишана од експерти за секс, комуникација и љубовни врски. Значи, одберете една (или повеќе доколу сте подготвени да го достигнете нивото на Казанова), внимателно прочитајте ја/ги и фрлете се на акција. Сепак, теоријата мора да се потврди со многу пракса!
She Comes First: The Thinking Man’s Guide to Pleasuring Women
Автор – Иан Кернер, секс советник и психотерапевт
Насловот кажува сè. Книга која ја разбива мистериозната женска сексуалност, давајќи специфични, корисни совети поврзани со женската анатомија. Оваа книга ќе ви отвори еден сосем нов поглед на сексот и она што навистина е потребно за да се задоволни една жена.
My secret garden
Автор – Ненси Фрајдеј
Книгава е објавена во 1973 година. Истата е своевидна збирка на женските фантазии, а истата е објавена во време кога се верувало дека жените немаат никакви сексуални фантазии. Живописни описи на женски фантазии кои ќе ве наведат да ѝ го поставите прашањето „Што мислиш за…?“ И изненадете ја кога ќе бидете апсолутно подготвен за исполување на истата.
The Erotic Mind: Unlocking the Inner Sources of sexual Passion and Fulfillment
Автор – Џек Морин
Оваа книга анализира различни приказни за сексуални односи, со цел и насоки како да ја подобрите врската и да ја направите поексплозивна. Понекогаш решението се наоѓа ако работите се погледнат од друга перспектива. Тука ќе најдете одговор на прашањата „Зошто некои личности, слики или ситуации влијаат постимулативно?“, „Што кажуваат за нас нештата кои сексуално нé возбудуваат?“ или „Зошто луѓето се фиксираат за специфични сексуални преференци?“
Faking It: The Lies Woman Tell about Sex – And the Truths They Reveal
Автор – Лукс Алптраум, секс едукатор
Авторкава на оваа дефинитиво примамлива книга за мажите, одлучи да ги отпакува сите можни лаги кои жените ги кажуваат, а се поврзани со сексуалниот живот – колку партнери имала, дали или не доживеала оргазам, дали некогаш била сексуално нападната и сл. И секако како истите влијаат на задоволството и сексуалниот живот на жената. Првата глава на книгата е посветена токму на женскиот оргазам: „Дали глумењето оргазам е чисто поради задоволување на машкото его, за сметка на женското задоволство или постојат покомплицирани причини?“ е прашањето со кое започнува книгата.
Come as You Are: The Surprising New Science that Will Transform Your Sex Life
Автор – д-р Емили Нагоски
Во ова истражување на женската сексуалност д-р Нагоски посочува три поенти кои може да ви помогнат да го подобрите сексот – сите различно реагираат на сексот, сексот е сèприсутен и треба да се фокусирате на тоа како се чувствувате, а не што правите. Едноставни лекции, научно поткрепени кои ќе ви го променат начинот на кој до сега сте размислувале. „Доколку навистина сакате да ја разберете човечката сексуалност не треба да се фокусирате само на сексуалното однесување – што правиме во кревет, со кого или колку често имаме секс. Тоа е исто како да сакате да ја разберете љубовта гледајќи во слика од свадба и во документите за развод. Она што треба да го знаеме од каде и како потекнува секусалниот нагон,“ вели авторката во воведот.
Mating in Captivity: Unlocking Erotic Intelligence
Автор – Естел Перел, психотерапевт
Оваа книга е одличен водич за оние кои се наоѓаат во долга врска или брак и се прашуваат „Каде исчезна страста?“ Перел, ја разложува комплексноста на страста, зошто сексуалниот живот на партнерите во долги врски со текот на времето исчезнува и што треба да се направи за да се одржи возбудлив сексуален живот. Исто така дава одговор на прашањата дали интимноста води до подобар секс, зошто родителството се поврзува со замирање на сексуалната желба меѓу партнерите, зошто забранетото секогаш е послатко и дали е возможно да посакуваме нешто што веќе го имаме?
The Guide To Getting In On
Автор – проф. д-р Пол Џоанајдс
Доколку сакате да знаете сè што може да се знае за сексот, сексуалноста и она помеѓу, тогаш оваа книга е нешто како Библија за оваа тематика. Тука ќе го најдете секој аспект за сексот кој некогаш ве заинтригирал или за кој сте сакале да дознаете нешто повеќе.
Naked at Our Age: Talking Out Loud About Senior Sex
Автор – проф. Џоан Прајс
Џоан Прајс е експерт за сениорски секс, која пишува и прави истражувања за сексуалниот живот на луѓето по 50 тата година. Секоја од нејзините книги дава различен агол, но оваа покрива една поширока област на тоа што се случува со мажите и жените со текот на годините и како се развива сексуалниот живот. Доколку се наоѓате во оваа возрасна група, книгава ќе ви даде одговор на голем број од прашањата кои ве мачат во однос на сексот и сексуалниот нагон.
Sex at Dawn: How We Mate, Why We Stray and What It Means for Modern Relationships
Автор – Кристофер Рајан, психолог
Оваа книга навлегува длабоко во науката зад врските и како да бидеме подобри љубовници во и надвор од креветот, користејќи спинови на конвенционалната мудрост и разгледувајќи го развојот на моногамните врски.
*сите книги се достапни на Amazon.com
Пишува Лилит